Валенсија бара спас во Аргентина, сака да му го прекине одморот на рекордерот на Ривер плејт

Валенсија остана без тренер по отказот за Џенаро Гатузо, а Салвадор Гонзалес Марко, попознат само како Воро, тука е како привремено решение, па се бара нов кормилар што ќе го води гигантот до спас.

Лилјаците играат очајно и веќе се блиску до зоната за испаѓање, само на еден бод, а чаре бараат во Аргентина.

До лани најдолговечниот тренер на ист клуб во аргентинското првенство, Марсело Гаљардо е на цел на шпанскиот клуб, објавија медиумите во Шпанија.

Гаљардо беше тренер на Ривер плејт од 2014 година до 2022 година, а потоа изрази желба да одмори и не го продолжи договорот со аргентинскиот гигант.

Марсело е рекордер на Ривер со 22 титули, комбинирано како играч и тренер на аргентинскиот великан.

Во меѓувреме одби и неколку понуди од Европа за да се пресели на Стариот Континент.

Сега има понуда и од Валенсија, па ќе биде интересно да се види дали ќе го прекине одморот и паузата ќе ја замени со жешка авантура на „Месталја“ во обид да ја стабилизира Валенсија и да ја спаси од испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести