Валенсија е како дома во Каунас, пак го победи Жалгирис (Видео)

Валенсија е како дома во Каунас и повторно го победи Жалгирис, по третпат на вкупно четири гостувања кај најпопуларниот литвански клуб.

Шпанскиот состав славеше со 86:82, а клуч на победата беше добрата трета четвртина на гостите што ја добија со 17:9.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1205571867072876544?s=20

Луис Лејбери со 22 поени беше убедливо прв стрелец кај гостите кои ја забележаа петтата победа во 13 меч во Евролигата. Жалгирис остана на три со десет порази.

- Оглас -

Најнови вести