Валенсија ги шокираше Зелените детелинки со тројка во последна секунда (Видео)

Вечерва во кошаркарската Евролига се одиграа три интересни натпревари, а најголема драма имаше во Атина, каде Валенсија со тројка во последната секунда дојде до победа од 92-91 над Панатинаикос.

Претходно, Монако го доби француското дерби против Асвел со 87-75, а Жалгирис беше подобар од Басконија со 79-75.

Крис Џонс беше јунакот на Валенсија, со тројка со звукот на сирената, откако со финта го излета Дерик Вилијамс. Валенсија им се придружи на Партизан, Жалгирис и Басконија на делба на шестото до деветтото место со скор 13-11.

Погледнете ја тројката која ги шокираше фановите на ПАО:

https://twitter.com/i/status/1624156222583881728

- Оглас -

Најнови вести