Валверде доби „десетка“ од „Л’Екип“ и влезе меѓу „бесмртните“

Капитенот на Реал Мадрид, Феде Валверде, синоќа одигра фантастичен натпревар против Манчестер сити.

Реал во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони на УЕФА победи на свој терен со 3-0, а уругвајскиот универзален играч за врска забележа хет-трик, иако головите не му се примарна специјалност.

По неговата партија следуваа пофалби, а Валверде синоќа стана само 20-тиот играч во историјата чиј натпревар парискиот „Л’Екип“ го оцени со совршена „десетка“!

„Капитенот на Реал одигра перфектен натпревар. Во првото полувреме постигна хет-трик против Манчестер сити. Одигра мајсторска партија вредна 10/10“, пишува влијателниот француски медиум.

„Л’Екип“ само 22-ри пат во својата историја додели совршена „десетка“. Со оглед на тоа што Меси и Халанд ја добиле двапати, значи дека оваа оценка ја заслужиле само 20-мина фудбалери.

Фудбалерите кои добиле оценка 10 од „Л’Екип“:

Франк Сузи, Франција У21 – Грција У21 3:0, 1988

Бруно Мартини, Франција У21 – Грција У21 3:0, 1988

Олег Саленко, Русија – Камерун 6:1, 1994

Ларс Виндфелд, Орхус – Нант 1:0, 1997

Лионел Меси, Барселона – Арсенал 4:1, 2010; Барселона – Леверкузен 7:1, 2012

Роберт Левандовски, Борусија Дортмунд – Реал 4:1, 2013

Карлос Едуардо, Ница – Генган 7:2, 2014

Нејмар, ПСЖ – Дижон 8:0, 2018

Душан Тадиќ, Ајакс – Реал 4:1, 2019

Лукас Моура, Тотенхем – Ајакс 3:2, 2019

Серж Гнабри, Баерн – Тотенхем 7:2, 2019

Килијан Мбапе, Франција – Казахстан 8:0, 2021

Албан Лафонт, Нант – ПСЖ 3:1, 2022

Ерлинг Халанд, Сити – Јунајтед 6:3, 2022; Сити – Лајпциг 7:0, 2023

Доминик Ливаковиќ, Хрватска – Бразил 1:1 (4:2 на пенали), 2022

Адемола Лукман, Аталанта – Леверкузен 3:0, 2024

Донован Леон, Оксер – ПСЖ 0:0, 2024

Дезире Ду, ПСЖ – Интер 5:0, 2025

Жоао Невеш, ПСЖ – Тулуза 6:3, 2025

Феде Валверде, Реал – Сити 3:0, 2026

- Оглас -

Најнови вести