Ван де Бек може следната сезона да игра за Јувентус?

Според пишувањата на италијанскиот фудбалски портал „Калчомеркато“, холандскиот фудбалер од средниот ред, Дони ван де Бек, би можел по завршувањето на сезонава да си замине од Манчестер јунајтед и да премине во италијанскиот првак Јувентус. Ван де Бек, кој има 23 години, во Јунајтед ја нема улогата која веруваше дека ќе ја има и ако и понатаму биде резерва, ќе побара да си оди.

Се шпекулира дека Јувентус за него ќе испрати понуда од 35 милиони евра. Сезонава во Премиер лигата, Ван де Бек одигра шест меча, речиси никогаш не е стартер, и даде еден гол.

- Оглас -

Најнови вести