Ван дер Сар: Штета што не ме регистрираа, ќе бранев на местото од Онана

Ајакс во следните 12 месеци нема да смета на голманот Андре Онана, кој доби суспензија поради користење на недозволиви лекови. Ова е тежок удар за Копјаниците со оглед на тоа дека Онана е многу важен дел од екипата на Ерик Тен Хаг веќе неколку години.

Едвин Ван дер Сар, генералниот директор на Ајакс, се пожегува на сметка на актуелната тема по која холандскиот гигант остана оштетен.

„Се подзамислив да ја прекинам пензијата и да бранам на местото од Онана, меѓутоа моето име не се најде на списокот за регистрација, а рокот помина“, истакна 50-годишниот поранешен голман на Холандија и Манчестер јунајтед.

Загубата на Онана е дополнителен удар за Копјаниците, кои пред неколку дена направија огромен пропуст и заборавија да го регистрираат Себастијан Халер, рекордното клупско засилување, за дуелите во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести