Ван дер Варт: Ако Мегваер е толку скап, Ван Дајк вреди 300 милиони

Некогашниот фудбалер на Ајакс, Тотенхем, Хамбургер, Реал Мадрид, холандскиот ас Рафаел ван дер Варт изгледа воопшто не го сака дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер.

Во телевизиска емисија, каде штобеше гостин во улога на стручен аналитичар, Ван дер Варт го навреди играчот на „црвените ѓаволи“, кој летово дојде од Лестер, а игра и за англиската репрезентација.

„Ако тој вреди толку пари, тогаш Вирџил ван Дајк вреди 300 милиони евра. Лесно можам да најдам тројца исти такви играчи како Мегваер меѓу оние амaтери со коишто играм во неделите. Сериозно го мислам тоа. Можеби е малку глупаво да се каже вака јавно, но навистина го мислам тоа“, жесток беше Ван дер Варт.

Летово Јунајтед за Мегваер плати дури 80 милиони фунти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести