Руд Ван Нистелрој со најоригиналниот дрес на светот

Легендата на холандскиот фудбал, Руд ван Нистелрој, покажа оригинален дрес кој е всушност микс од боите на сите седум клуба за кои што тој играше во кариерата. Дресот почнува од горе со крагна од дресот на Хамбургер, потоа продолжува со белата боја и знакот на Реал Мадрид, под него е Манчестер јунајтед, линиите на ПСВ, и тие на Малага, а најдолу се сините бои на Херенвен и Ден Бош. На грбот е бројот 10.

Руд кој сега има 42 години, почна во младинскиот тим на Ден Бош, па потоа беше во Херенвен, ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Хамбургер и Малага. Ван Нистелрој даде 349 гола на 592 меча. Одигра 70 средби за националниот тим на Холандија.

Дресот е изработен од компанија која слично нешто направи и со Финецот Јари Литманен (мешавина од дресовите на Ајакс, Ливерпул и Барселона) и Весли Снајдер (дрес на кој беа сите нијанси на портокаловата боја од дресовите на холандската репрезентација).

- Оглас -

Најнови вести