Ван Перси доби испраќање како што заслужува (Видео)

Еден од врвните голгетери кои продефилираа во последниве 20-тина години во светскиот фудбал, секако е и Робин ван Перси. Холандскиот напаѓач денеска го одигра последниот меч во кариерата и замина во пензија. Последниот меч го одигра во дресот на Феенорд, а навивачите му приредија фантастично испраќање.

Тренерот на Феенорд, Џовани ван Бронхорст реши да го извади Ван Перси од игра во судиското надополнување, а потоа засекогаш го напушти теренот од професионалниот фудбал. Ван Перси е „дете на Феенорд“. Првите пет сезони ги одигра токму во овој клуб, а во 2004 година замина во Арсенал. Како играч на „топчиите“ се стекна со светска слава. Во 278 меча даде 132 погодоци, но потоа реши да замине во редовите на големиот ривал Манчестер јунајтед.

Главна причина зошто реши да заигра во Јунајтед беше тоа за да освои титула во Премиер лигата. Со Манчестер тоа му успеа уште во првата сезона. На „Олд Трафорд“ помина три години, а потоа играше и за Фенербахче, за на крај повторно да се врати во Феенорд.

 

- Оглас -

Најнови вести