ВАР во Рим направи дармар – Му поништи еврогол на Имобиле, па му даде шанса од пенал за победа на Лацио (Видео)

Чиро Имобиле постигна еврогол што му беше поништен во 50-тата минута на мечот меѓу Лацио и Венеција, а само 8 минути подоцна, првиот стрелец во Серија А доби шанса да погоди од пенал за победа на домашниот тим.

Имобиле беше прецизен, го постигна 22-риот гол, а Лацио победи со 1:0 во Рим.

Имобиле е крал на стрелците во Италија, со два гола предност пред Душан Влаховиќ.

Со победата вечерва против Венеција, Лацио ги прескокна и Рома и Аталанта и сега е на петтото место со 49 бода.

Венеција остана на 18-тата позиција со 22 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести