ВАР се инсталира и во вторите лиги – Прва почнува Серија Б во Италија

Примената на ВАР технологијата се шири и од следната сезона ќе се употребува и во второлигашка конкуренција во Италија.

Модерната технологија за проверка на спорните моменти ќе се инсталира во популарната Серија Б, која ќе биде првата од понизок ранг од топ-5 рангираните фудбалски земји во Европа што ќе има можност за проверка на спорни моменти.

Вечерва 19 од вкупно 20 екипи што играат во Втората лига на Италија гласаа за воведување на ВАР-системот од следната сезона.

Интересно е што во Серија Б веќе имаше ВАР, но на бараж-мечевите за влез во Првата лига што се играа ова лето.

- Оглас -

Најнови вести