ВАР-системот го шокираше Сити, еве го голот кој донесе многу различни емоции (Видео)

Неверојатна завршница на дуелот Манчестер сити – Тотенхем. Седум гола како да не беа доволни (4-3), па во 93-тата минута се случи моментот за кој многумина ќе зборуваат. Сити постигна гол за 5-3, кој ќе ги однесеше „граѓаните“ во полуфиналето. На стадионот делириум кај домашните фанови и молк кај гостите.

Сепак, судијата Чакир доби известување дека треба да се погледне ВАР-системот бидејќи се работи за сомнителна ситуација. Турскиот арбитер брзо сфати дека погодокот на Сити е од офсајд-позиција и го поништи. Тоа значи дека Тотенхем е во полуфиналето, а Сити остана да жали во неверување дека технологијата им го скрати пласманот во полуфиналето.

https://www.youtube.com/watch?v=a859LWDcXdM

- Оглас -

Најнови вести