Вардар доцна се разбуди – Четвртото полувреме беше најдобро, но Веспрем ќе игра во четвртфиналето во ЛШ (Видео)

Вардар ремизира 31:31 во вториот меч против Веспрем од осминафиналето во Лигата на шампионите вечерва и се прости од натпреварувањето што го има двапати освоено, во 2017 и во 2019 година.

Унгарците беа многу подобри на првиот меч во Скопје, што го добија со 30:22, и заслужено ќе играат против Алборг во четвртфиналето во луксузното натпреварување.

Вардар доцна се разбуди и вечерва го одигра најдоброто полувреме во двомечот против Веспрем, но беше далеку од пласман во четвтфиналето.

Скопјани го добија второто полувреме вечерва со 18:13, идентично на резултатот со кој Веспрем водеше по првиот дел.

Вардар и лани беше елиминиран од Веспрем во Лигата на шампионите, а и во овој циклус беше инфериорен.

Веспрем сега има биланс од 11 победи, едно реми и два порази против Вардар и ја продолжува битката за првиот пехар во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/ehfcl/status/1511764282828013573?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

Вардар одигра добро вечерва во второто полувреме и го доби со 18:13.

Оливие Њокас беше најефикасен кај Вардар со шест гола, Куни Моралес даде пет, а Талески и Тото дадоа по 4.

Во последниот меч за Тимур Дибиров за Вардар во Лигата на шампионите, иконата на Црвено-црните постигна два гола.

Одлични беа голманите на Вардар, а Мартин Томовски и Васил Гогов заедно одбранија 15 удари.

Судбината на двомечот беше решен само по 30 минути игра вечерва и на полувремето Веспрем имаше предност од 18:13, или вкупно 13 гола предност по победата на првиот меч во Скопје со 30:22.

https://twitter.com/ehfcl/status/1511752547018723330?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

- Оглас -

Најнови вести