Доколку Вардар го елиминира фински КуПС во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, во второто би играч со Сабах од Азербејџан или ТНС од Велс.
Така сакаше денешната ждрепка во Нион.
Овие мечеви од второто квалификациско коло ќе се играат на 21-22 јули (Вардар би гостувал), реваншите на 28 и 29 јули.
Вчера Вардар беше извлечен да игра со финскиот КуПС во првото коло. Поради добриот рејтинг на КуПС, денеска победникот од ововј двобој беше поставен меѓу носителите, па Вардар ако го елиминира финскиот тим, потоа во следното коло би имал малку послаб противник, барем на хартија.


