Вардар бара место во ЛШ, од ЕХФ објавија кои клубови се во конкуренција

Европската ракометна федерација, ЕХФ, и официјално ги објави екипите кои се во конкуренција за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Вкупно се пријавени 27 екипи, меѓу нив и Вардар, а место во групната фаза ќе има за вкупно 24 екипи.

Шампионот на Македонија е меѓу шесте екипи кои се пријавени од земји кои немаат загарантирано место во елитата. Таму со сигурно учество се 11 екипи, десет шампиони според рејтингот, како и освојувачот на Лигата на Европа.

Сите останати екипи, вкупно 16, ќе се надеваат на една од 13-те вајлд-карти кои ќе ги подели ЕХФ.

 

- Оглас -

Најнови вести