Вардар го доби пехарот за првото место во минатата сезона (Фото)

Фудбалерите на Вардар денеска го примија пехарот за шампионската титула во минатата сезона. Сите играчи на Вардар се појавија на мечот со Работнички со маички на кои го пишуваше бројот 12, во чест на 12-тата шампионска титула.

Во актуелниот состав на Вардар кој го почна дуелот со Работнички, има малку играчи од оние кои настапуваа и во минатата сезона кога Вардар беше доминатен во првата лига и имаше двоцофрена предност во бодови пред вториот Силекс кога се прекина сезоната. Еден од тие играчи кои останаа е Дарко Мицевски, кој сега ја носи капитенската лента, па тој ја имаше честа да го крене пехарот.

Од ФФМ решија денеска да го наградат Вардар за стореното во претходната сезона.

- Оглас -

Најнови вести