Вардар го надигра Металург за „три од три“ во Суперкупот

Вардар трета година во низа е освојувач на Суперкупот на Македонија откако вечерва во Куманово славеше против градскиот ривал Металург со конечни  26-24. Црвено-црните одново ја одбранија титулата. Очигледно триумфот во првото коло од ЛШ против Монпелје им внесе самодоверба на ракометарите на Писонеро за и вечерва да се радуваат на уште еден трофеј.

Актуелниот европски и македонски шампион беше пресилен за младите играчи на Металург, а својот квалитет го покажа во првото полувреме, во кое направи предност од 16-10. Иако тимот од Автокоманда немаше намера лесно да се предаде, нивните напори да се стигне до резултатски егал беа залудни, па на крајот се спасија од дебакл.

Горбок и Дибиров го предводеа Вардар со шест, односно пет погодоци, додека кај поразените најрасположен беше Додиќ со пет гола.

- Оглас -

Најнови вести