Вардар ја реши Воска и се искачи на врвот на табелата, Мицевски даде гол што може да конкурира за најдобар гол на сезоната

Фудбалерите на Вардар експресно го заборавија поразот од Гостивар и денеска во дерби пресметката со директниот конкурент за највисок пласман, остварија победа и им се вратија во победите во Втората лига. Вардарци на стадионот „Железарница“ во Автокоманда со 2:1 ја совладаа Воска и се искачија на лидерската позиција на табелата со 25 бода, два повеќе токму од Воска.

По само 20 минути игра, Црвено-црните предизвикаа еуфорија кај своите верни навивачи Комитите. Прво во 18 минута, Дарио Десниќ го отвори резултатот, а само две минути подоцна, капитенот Дарко Мицевски упати вистински проектил од преку 25 метри и ја искина мрежата на гостите.

Вардарци продолжија со одлична игра, но не успеаја да постигнат уште некој гол иако имаа неколку одлични шанси преку Владимир Жоглев, Јован Попзлатанов и Кире Маркоски.

Во финишот, Воска во 80-тата минута намали откако Изаир Емини го реализираше ударот од белата точка, но тоа беше се што гостите направија до крајот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести