Рејтингот што го има фински КуПС го стави победникот од двобојот Вардар – КуПС меѓу носителите при денешната ждрепка напладне во Нион за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Вардарци ќе имаат тешка задача против финскиот првак, но ако го минат, потоа би имале можеби полесен противник. Тоа што ќе бидат меѓу носителите, значеше избегнување на силни тимови како Црвена ѕвезда и Лех Познањ.
Можни ривали на Вардар во второто коло се: Мјалби (Шведска), Архус (Данска), како и четири победници од дуели кои ќе се играат во првото квалификациско коло.


