ФК Вардар можеше да помине и многу полесно во ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Црвено-црните ќе си ги одмерат силите со финскиот првак Куопион Палосеура, или скратено како што е познат во светот, КуПС.
Осумкратниот фински првак КуПС во својот актуелен состав има дури 11-мина странци, а моментно е трет на табелата во финската лига. Тоа што лигата им е во тек и имаат натпреварувачки ритам, може да биде предност во двобојот со Вардар.

Минатата сезона КуПС стигна до нокаут-фазата во Конференциската лига, а во групната фаза во третото по ранг натпреварување на УЕФА имаше реми 2-2 со Кристал палас во Лондон. Дома го победија Слован Братислава, играа 0-0 со Лозана, која претходно летото го елиминира Вардар, влезе и во нокаут-фазата, каде што испадна од Лех Познањ.

