Вардар од трети обид ќе проба да дојде до прва победа против Македонија ЃП

Паузата заврши, македонските фудбалски прволигаши им се враќаат на обврските во шампионатот, а првиот меч во продолжението од сезоната е на арената „Тодор Проески“ каде лидерот на табелата Вардар, во рамките од 19-тото коло, од 14 часот ја пречекува Македонија Ѓорче Петров. Пренос од овој меч ќе има на МТВ и на Арена Спорт.

Вардарци ќе се обидат да ја извојуваат првата победа над Лавовите сезонава. Во првиот дуел, Македонија ЃП како гостин победи со 2-0, додека вториот меч во Ѓорче Петров заврши 1-1.

Вардар има убави осум бодови предност пред второпласираната Шкендија, и триумф над Македонија ЃП, ќе биде уште еден чекор кон остварување на целта, а тоа е титула.

Според квотите во Sport Life, Вардар е фаворит. За единица, коефициентот е 1.55.

- Оглас -

Најнови вести