Вардар по шампионски печат во Струга, Шкендија и Силекс веќе размислуваат за финалето од Купот

Претпоследното, 32-ро коло од Првата македонска фудбалска лига започнува попладнево со три меча, а Македонија уште денес може да добие нов фудбалски шампион.

Лидерот Вардар гостува во Струга, а на Црвено-црните потребен им е само бод за да бидат крунисани во шампиони на Македонија. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб има шест бода предност во однос на Шкендија, а во последното коло играат меѓусебен дуел, па затоа на Вардарци потребен им е само бод за да ја обезбедат титулата.

Шкендија се надева дека со победа над Брера ќе ја одложи промоцијата на Вардар, но Црвено-црните од Тетово во среда ги очекува и меч од финалето на Купот на Македонија против Силекс, па сè уште актуелниот шампион на Македонија ќе мора и да ги чува силите за овој натпревар.

Тоа се однесува и за екипата од Кратово, која на домашен терен го пречекува Арсими, екипа која сè уште го нема обезбедено опстанокот, односно е во трка да го избегне баражот за опстанок во прволигашката конкуренција.

Трите меча се играат во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести