Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, одигра нерешено, 1-1, против Ла Фиорита од Сан Марино, во претпоследниот тест на подготовките во Италија.
Единствениот гол за „црвено-црните“ бил дело на новото засилување, Жерсон Родригес, по асистенција на Данев.
Токму Ла Фиорита беше противник на Вардар во Конференциската лига минатата сезона. Тогаш вардарци славеа со 3-0 во Скопје, а на гостувањето во Сан Марино одиграа 2-2.
До крајот на престојот во Норчија, Вардар ќе одигра контролен меч и против Виртус од Сан Марино. Вардар на седми јули ќе го одигра првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите, против финска Купс.

