Македонскиот фудбалски првак Вардар неуспешно стартуваше на меѓународна сцена. Црвено-црните синоќа на свој терен во Скопје загубија со 0:2 од КуПС, во првиот меч од воведното коло во квалификациите за Лига на шампиони.
Во финишот од првото полувреме гостите од Финска поведоа со 1:0, а потоа на стартот од вториот дел постигнаа уште еден погодок за удвојување на предноста. До крајот на средбата, првакот на Финска рутински ја задржа предноста и со голем капитал ќе го чека реваншот на свој терен следниот вторник.
Според направените калкулации, Вардар е екипата која има најмали шанси да го помине првото квалификациско коло од Лига на шампиони. Мизерни 3,1 отсто шанси имаат Црвено-црните дека на реваншот против КуПС на гостински терен ќе може да направат чудо и да поминат во следната фаза. Од друга страна, дури 96,9 отсто се процентките дека КуПС ќе го продолжи патот во второто квалификациско коло од ЛШ.

