Вардар за пола час ја почувствува силата на Динамо Киев

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар немаше никаква шанса во дуелот против украинскиот гигант Динамо Киев на пријателскиот меч одигран во Турција и загуби со 4:0. Динамо уште од самиот старт ја покажа силата и во првите 30 минути даде три погодоци, решавајќи ги сите дилеми околу победникот.

Бујалски во петтата минута и Сидорчук во седмата погодија за брзо водство од 2:0 на Динамо, а веќе во 29-тата минута беше 3:0 за Украинците со погодокот на Дуелунд. Покрај трите погодоци, играчите на Динамо пропуштија уште неколку шанси, но и без таа реализација имаа сигурна предност.

На почетокот на вториот дел, тренерот на Динамо направи комплетна измена на тимот и во игра внесе 11-мина нови играчи, па Вардарци во вториот дел успеваа бидат порамноправен противник, но сепак не успеаја да ја сочуваат мрежата незатресена. Во 87-мата минута, Динамо со голот на Русјин од пенал стигна до победа од 4:0.

Ова беше втор пораз на Вардар на подготовките во Турција откако претходно загуби и во дуелот со Хајдук со 1:3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести