Вардарци играа тренинг-натпревар, новото засилување доби црвен картон (Видео)

Вардар одигра интерен контролен натпревар во својата подготвителна база во Норчија, кој донесе три погодоци и заврши со победа на „црвено-црните“ со 2-1.

Тренерскиот штаб ги подели фудбалерите во две екипи, а за победничкиот состав од првата минута настапија Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес и Омерагиќ. За противничкиот тим стартуваа Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ, Јаков и Жерсон Родригеш.

Натпреварот, кој се играше во две полувремиња од по 45 минути заврши со триумф на „црвено-црните“. Стрелци за победничкиот тим беа Едиз Спахиу и Мануел Куестас, кој влезе во игра во текот на мечот, додека единствениот погодок за „белите“ го постигна Горан Закариќ. Во текот на средбата црвен картон заработи новото засилување Жерсон Родригеш.

Интересен детаљ е што правдата на овој дуел ја делеше Даријан Илчевски, судија во Италијанската фудбалска федерација, кој потекнува од Гостивар.

До завршувањето на подготовките во Норчија, на 2 јули, Вардар ќе одигра уште четири пријателски натпревари како дел од подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите против КуПС.

- Оглас -

Најнови вести