Управата на ФК Вардар АД ќе им додели на играчите премија од 100.000 евра, ако нашиот клуб го помине второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, против швајцарскиот претставник Лозана.
Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешното 1-во квалификациско коло.
Швајцарскиот претставник, минатата сезона беше исто така 5-то пласиран во домашното првенство, кое има далеку повисок коефициент од нашето.
Првиот натпревар од двомечот се игра на 24-ти јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31-ви јули во Лозана.