Варди не може да даде голови колку што одбраната прима

Откако Брендан Роџерс седна на клупата на Лестер, а тоа е на 7 март, напаѓачот на „лисиците“, Џејми Варди, има дадено 7 гола, и во овој период е најефикасен поединец во Премиерлигата. Но, одбраната на Лестер не е на потребното ниво, па тимот второ коло по ред не успеа да победи. Сепак, Лестер се извлече против Вест Хем со гол на Харви Барнс во 92 минута, а две минути порано на „чеканите“ им беше поништен чист гол со кој можеа да ја запечатат судбината на гостите.

Одличната форма ја потврди и Жерард Делофеу кој беше двоен стрелец за Вотфорд. Каталонецот е особено опасен на гостувањата, има низа од шест гостувања по ред на кои дава гол.

Александар Митровиќ конечно го прекина постот од девет меча без даден гол. Тој погоди од пенал за триумф на Фулам, тим кој има само теоретска шанса да избегне испаѓање од Премиерлигата. Србинот сега има 11 гола сезонава.

РЕЗУЛТАТИ: Борнмут – Фулам 0-1, Хадерсфилд – Вотфорд 1-2, Вест Хем – Лестер 2-1, Вулверхемтон – Брајтон 0-0.

- Оглас -

Најнови вести