Варди од осмолигашки играч до 100-ти гол во Премиерлигата (Видео)

Џејми Варди денеска на мечот Лестер – Кристал Палас го постигна својот 100-ти и 101 погодок во Премиерлигата, со што ѕвездата на Лестер продолжи да испишува историја и нови светли страници од неговата кариера. Варди во последните години е еден од најпознатите и најдобри англиски напаѓачи, но пред десет години беше во Стоксбриџ во осма лига, во 2012 година од конференција напредуваше во Чемпионшип, во 2014 заигра во елитното друштво, во 2016 година стана првак на Премиерлигата, а сега стигна до троцифрен број на голови во Премиерлигата.

Голема заслуга за неговиот јубилеен гол има Барнс, кој украде топка и несебично му додаде на слободниот Варди, кој без проблем погоди за 2-0, а конечниот резултат беше 3-0. И третиот гол го даде Варди по асистенција на Барнс.

Само 29 играчи во историјата на Премиерлигата дале 100 или повеќе голови, а од нив, само Иан Рајт (28 години и 286 дена) дебитирал во Премиерлигата на постара возраст од Варди (27 години и 232 дена).

Во другиот попладневен меч, Манчестер јунајтед и Борнмут за еден час игра дадоа седум гола, а потоа застанаа, па домашните победија со 5-2.

https://twitter.com/i/status/1279440136862871552

- Оглас -

Најнови вести