ВБА по 11-ти пат испадна од Премиер лигата

Арсенал го совлада ВБА со 3-1, со што клубот од предградие на Бирмингем дефинитивно ги загуби шансите за опстанок во Премиер лигата. За ВБА, ова е дури 11-то испаѓање од елитното англиско друштво, и само нивниот сосед Бирмингем сити има повеќе испаѓања (12).

Можеби за ВБА како клуб, испаѓањето не е ништо ново, но за тренерот Сем Алардајс секако е. Искусниот стручњак кој водел осум тимови низ долгата кариера, првпат се соочува со преселба во понизок ранг.

- Оглас -

Најнови вести