Вчера даде пиров гол во ЛШ, денес е слободен да направи трансфер

Атила Салаи, 24-годишниот стопер на Фенербахче, вчера беше стрелец на пировиот гол за турскиот гигант за 1-1 бидејќи иако изнуди да се играат продолженија против Динамо Киев, тимот на Жорж Жезус претрпи елиминација со конечни 2-1 во дополнителните 30 минути игра.

Откако стана јасно дека Фенер нема да игра во Лигата на шампионите, управата реши да ги евалуира понудите за Салаи, меѓу кои е и онаа од Наполи. Унгарецот би можело да го следи Ким Мин-јае, кој од Фенер се пресели во Неапол, но за да се случи тоа, клубот на Елиф Елмас треба да плати до 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести