Го купија за 10 милиони евра и веднаш го продадоа за 11

Повратните откупни клаузули се многу актуелни во Италија. Кога некој посилен клуб ќе продаде млад играч на некој послаб клуб, се заштитува со клаузула во договорот, според која, тој клуб може да го врати играчот во некој од следните преодни рокови.

Минатото лето Торино го даде под наем кај СПАЛ 23-годишниот стопер Кевин Бонифази. Бонифази во тимот на СПАЛ одигра одлична сезона, па од овој клуб побараа летово повторно да го добијат играчот, но и да му го откупат договорот од Торино. Во тој случај веднаш реагираа од Торино. Дозволија СПАЛ да го откупи договорот на Бонифази, но веднаш ја активираа клаузулата да може да го повратат играчот, и тоа за еден милиони евра повеќе.

Тоа значи дека СПАЛ даде 10 милиони евра за играчот, но за помалку од 24 часа мораа да го продадат на Торино и заработија еден милиони евра плус. Торино плати еден милион евра повеќе, но сега веднаш сака повторно да го продаде. За овој играч се интересираат Милан, Лацио, Рома и Аталанта, па Торино може и добро да заработи од нова продажба на Бонифази.

 

 

- Оглас -

Најнови вести