Вчерашниот прекин денес му беше во корист на Ѓоковиќ: Се наѕира епско финале против Надал во Рим

Новак Ѓоковиќ се избори за пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим, откако славеше со пресврт од 2-1 во сетови (4-6, 7-5, 7-5) против Стефанос Циципас. Прекинот вчера поради неповолни временски услови денес му беше во корист на првиот светски рекет, кој мораше да игра на врвно ниво до самиот крај на мечот бидејќи Циципас беше видно мотириван да го елиминира првиот фаворит во Рим.

Одземениот гем за 2-1 во вториот сет му обезбеди предност на Циципас, но кога Ѓоковиќ направи брејк на 4-4 му се отвори патот да израмни и изнуди решавачки сет. Повторно грчкиот тенисер беше во блага предност до половина од сетот, имаше и 5-4 на свој сервис, но Новак ги освои наредните три гема искористувајќи ја втората меч-топка.

Во овие моменти се игра финишот од дуелот меѓу Сонего и Рублев по кој ќе биде познат противникот на Ѓоковиќ во полуфиналето, додека втората битка за финале е меѓу Надал и Опелка, што наговестува дека во Вечниот Град може да се случи епска битка за титулата меѓу двајцата најтрофејни на овој турнир.

Ѓоковиќ како петкратен шампион и актуелен бранител на трофејот досега петпати се сретнал со Шпанецот во големото финале, кој држи рекорд со девет титули во Рим. Билансот во финалето е во корист на Надал со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести