Вечното момче од вечниот град преживува драма, префрлен е во болница поради корона-вирус

Даниеле Де Роси е хоспитализиран во римската болница „Спаланцани“ поради комоликации со корона-вирус. Вечното момче на Рома има воспаление на белите дробови и позитивен тест на корона-вирус.

Италијанскиот медиум „Ил Темпо“, обајави дека Де Роси веднаш бил хоспитализиран во една од најдобрите болници во Рим, а состојбата не е едноставна, бидејќи се работи и за воспаление.

Де Роси моментно му е асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација, откако лани ја заврши фудбалската кариера во гигантот Бока јуниорс.

Претходно цели 18 години, од 2001 до 2019 година играше само за Рома и има богата фудбалска кариера што ја мина во само два клуба.

Даниеле има одиграно 117 меча за Италија и постигна 21 гола, а беше и светски првак со Аѕурите во 2006 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести