По фудбалски терк, Црвена Ѕвезда го победи Партизан во вечното дерби и во кошарка (Видео)

Црвена Ѕвезда слави две големи победи против вечниот ривал Партизан во кус период, а по триумфот во финалето на српскиот куп во фудбал, завчера, вечерва го доби и првиот меч во АБА финалето во кошарка.

Серијата од 8:0 на почетокот на тртиот период на „црвено-белите“ беше клучна за победа од 90:76 во премиерниот меч од финалната серија за титулата во Јадранската лига.

По првото полувреме беше 42:39, а на стартот од вториот дел со серија поени Црвена Ѕвезда поведе со 11 поени разлика, што беше недостижно за Партизан.

Ивановиќ со 18 поени беше најефикасен кај победничкиот тим и на мечот, а прв стрелец кај Партизан беше Пантер со 15 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести