Вејн Руни и Дерби каунти имаат милион проблеми, а играчите го играат најубавиот фудбал во Чемпионшип (ВИДЕО)

Дерби каунти има дури 21 одземен бод сезонава во Чемпионшип лигата поради големи финансиски проблеми.

Еден од најстарите тимови се соочува со големи проблеми, но тренерот Вејн Руни и фудбалерите се вистински херои. И покрај сите случувања, тимот има 14 бодови и сѐ уште е во игра за опстанокот, а со игрите што ги прикажуваат тој би требало да дојде без проблем.

Вчера го совладаа минатосезонскиот премиерлигаш Шефилд јунајтед со 2:0, и тоа со двата гола на Том Лоренс во второто полувреме.

А и двата беа мајсторија за која вреди да се напише некој ред. Да не должиме многу, подолу во видеото ги има и двата гола кои вреди да се погледнат неколку пати.

- Оглас -

Најнови вести