Веќе ниту еден кошаркар во НБА-лигата нема да смее да го носи бројот 6

Челниците на НБА-лигата донесоа одлука дека ниту еден кошаркар во иднина нема да може да го носи дресот со бројот шест. Овој број во НБА го носеше легендарниот Бил Расел, кој неодамна почина на 88 години.

Расел е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а едно е сигурно, тој е најтрофејниот. Како играч на Бостон селтик освои неверојатни 11 титули, а има и две титули како тренер.

Расел петпати беше најкорисен играч во лигата, а 11 пати бил и Олстар-играч.

 

- Оглас -

Најнови вести