Веќе се знае каде ќе игра Меси од 2021 година

Лионел Меси од сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на Манчестер сити. Ова го тврди реномираниот Еуроспорт. Според пишувањата, Меси откако ќе ја одработи последната сезона од договорот со Барселона, ќе си замине како слободен играч и тоа во Манчестер сити.

Аргентинецот уште сега сакаше да заигра за Граѓаните, но Барселона не дозволи, инаку договорот меѓу играчот и англискиот клуб веќе бил постигнат. Треба да биде петгодишна соработка меѓу Меси и челниците на клубот.

Шесткратниот освојувач на Златната топка би останал три години во Сити, а потоа би заминал во Њујорк Сити каде би можел да ја заврши кариерата на 39-годишна возраст.

Меси денеска реши јавно да проговори за сите проблеми кои ги имаше со Барселона во видео интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести