Веќе станува јавна тајна: Играч на Реал со реакцијата откри дали Мбапе ќе дојде во Мадрид (ВИДЕО)

Килијан Мбапе веќе неколку месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Играчот на ПСЖ изминатово лето беше пред преселба во шпанскиот великан, но, неговиот тим ја одби понудата од 200 милиони евра.

Договорот на Мбапе истекува наредното лето а веќе за еден месец ќе биде позната неговата иднина, бидејќи ќе може да преговара со други клубови.

Сепак, неговиот соиграч од репрезнетацијата, и член на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга со реакцијата откри дека веќе се спрема овој трансфер.

Тој беше застанат од фанови на Реал, а со самата насмевка и гестикулација дека ништо не смее да каже, шпанските медиуми заклучија дека договорот меѓу Реал и Мбапе е речиси завршена работа.

 

- Оглас -

Најнови вести