Велешанец заработи речиси милион благодарение на Кјеза од Фиорентина

Два идентични тикети, но со различна уплата, на еден или двајца прогнозери од Велес им донесоа вкупна добивка од речиси 1 милион денари. Тикетите се уплатени на истото уплатно место на Sport Life во Велес, но не се уплатени истовремено, па не се знае дали е истиот човек или вториот тикет е „препишан“ од некој друг прогнозер. Како и да е, погодени се пет меча со големи квоти.

Првиот тикет е со необична уплата од 201 денар, а добивката е 577.799 денари. Типувано е дека Халмштад ќе слави на гости кај Вастерас и притоа ќе паднат барем четири гола. Гостите славеа со 3-2, а третиот гол го дадоа во 81-вата минута. Потоа следува уште еден шведски меч, дуелот на Јонкопингс и Сундсвал, каде што е типувано дека ќе има барем пет гола. Средбата заврши 3-3.

Најмногу среќа во Велес донесоа головите кои ги постигна Федерико Кјеза од Фиорентина. Потребна беше победа на Виолетовите против Болоња и притоа да има барем четири погодоци. На полувреме семафорот покажуваше 0-0 и потребен беше дожд од голови во вторите 45 минути за да се погоди прогнозата. Кјеза во 48-мата и 54-тата минута ја донесе Фиорентина во водство од 2-0 и го „оживеа“ тикетот, а својот хет-трик за потврда на победата од 4-0 Кјеза го заокружи во 89-тата минута.

За добивка се потрудија и Молде со победата над Волеренга од 4-1, каде што четвртиот гол падна во 86-тата минута, а требаше победа на домашните барем со четири постигнати голови, и Милан, кој славеше кај Сампдорија со 4-1. На мечот во Џенова, победата на Милан беше рано обезбедена, но четвртиот погодок падна во 87-мата минута.

На другиот тикет, кој е уплатен еден и пол час подоцна, се наоѓаат истите пет парови (квотите се движат од 2.90 до 7.50), но уплатата е 140 денари, затоа и добивката е за 170.000 денари помала во споредба со другиот, но изнесува сепак одлични 402.447 денари.

- Оглас -

Најнови вести