Великанот го „мерка“ Халанд и сè ќе стори за да го доведе во своите редови

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните, ако не и најбаран фудбалер на трансфер-маркетот.

Одличниот Норвежанец со своите партии во Борусија Дортмунд гo привлече вниманието кон себе од страна на големите клубови.

Со оглед на тоа дека негов агент е Мино Рајола, јасно е дека само најбогатите клубови можат да си го дозволат Халанд во своите редови, а еден од нив е Манчестер јунајтед.

Англиските медиуми известуваат дека во последните неколку дена раководството на Црвените ѓаволи интензивно комуницира со челните луѓе на Борусија, а токму младиот напаѓач бил нивната цел.

На Манчестер очајно му треба квалитетен напаѓач бидејќи Кавани постојано се повредува, додека Марсијал е тотално надвор од формата.

Секако дека тука е Кристијано Роналдо, но и нему му е потребна поддршка во офанзивата.

- Оглас -

Најнови вести