Великодушен е Еспањол – Сите што им дојдоа на гости, си замина со три бода

Реал Сосиедад му го нанесе на Еспањол третиот овосезонски пораз на домашен терен со конечни 3-1 во мечот од петтото коло во Ла Лига. Екипата од Барселона на почетокот на оваа сезона е во катастрофална форма кога игра пред своите навивачи, па откако бодови им украдоа Гранада и Севилја, сега истото го направија и гостите од Сан Себастијан.

Вилијам Хосе се истакна како двоен стрелец за Сосиедад со погодоците во 18-тата и 34-тата минута, а гол постигна и неговата замена Александар Исак, кој влезе во 65-тата минута и точно 10 минути подоцна се запиша во листата стрелци. Иако резултатот покажува дека домаќините постигнаа погодок, всушност тоа беше автогол на Залдуа само неколку моменти пред да бидат поставени конечни 3-1.

По ова коло Еспањол со четири бода стои на 17-тото место, додека Сосиедад дојде до двоцифрен број на бодови (10) и засега е на третата позиција.

https://www.youtube.com/watch?v=jqcimDJ0RIk

- Оглас -

Најнови вести