Велковски против Роналдо на 21 јануари, Трајковски за дуел со мега ѕвездата ќе почека до април

Заминувањето на Кристијано Роналдо во саудискиот Ал Наср од Ријад, значи дека тој во наредниот период ќе има лигашки пресметки против екипи во кои играат македонски репрезентативци.

Дарко Велковски настапува за клубот Ал Етифак, а според распоредот, овој тим на 21-ви јануари треба да му гостува на Ал Наср, што значи дека за три недели, нашиот дефанзивец ќе има прилика да му се спротивстави на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

Александар Трајковски кој е член на Ал Феиха, на 9-ти април ќе има чест да го пречека Ал Наср со Роналдо во составот.

Велковски и Трајковски играа против Роналдо во март во Порто, на баражот за пласман на СП. Таму Португалија ја победи Македонија, па Дарко и Алекс имаат прилика на некој начин да му се реваншираат на Кристијано.

- Оглас -

Најнови вести