Венгер: Ако му требам на Арсенал, ќе се вратам!

Во јуни 2018 година, Арсен Венгер реши дека е доста и си замина од клупата на Арсенал. Францускиот стратег помина 22 години како предводник на Топчиите, но пред две и пол години реши дека е време да го напушти кормилото. По заминувањето од Арсенал, Венгер никаде не бил тренер, а често знае да се појави како стручен аначитичар за некој фудбалски меч.

Арсенал сезонава игра многу слабо и 16 кола има освоено само 20 бодови што е доволно за 13 место на табелата. Токму поради овие слаби резултати, Венгер беше запрашан дали би се вратил повторно да биде тренер на Топчиите.

„Ако сум му потребен на Арсенал, ќе се вратам. Сепак, не очекувам повик. Времето лечи се и затоа не очекувам ништо од Арсенал сега“, рече Венгер, кој во својата кариера го предводеше лондонскиот тим до три титули во Премиер лигата, вклучувајќи го и пехарот од 2004 година, кога Топчиите ја завршија сезоната без ниту еден пораз.

Венгер во последните неколку сезони го навлече гневот кај дел од навивачите, затоа што Арсенал не беше конкурентен за титулата. По заминувањето на Венгер, на клупата на Арсенал седнаа три тренери, а актуелниот стратег Микел Артета е во опасност дека може да добие отказ поради слабите резултати.

„Артета имаше среќа веднаш да добие шанса да води таков клуб. Да се добие таков статус за тренер на еден таков клуб реално е потребно да се биде барем 10 години тренер. Но, Артета беше сјаен клупски играч и од Арсенал тоа го препознаа. Верувам дека клубот наскоро ќе се бори за титулата“, додава Венгер за актуелниот тренер на Топчиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести