Венгер беше меѓу првите кој ја најави Суперлигата уште пред 11 години

Арсен Венгер, ексменаџерот на Арсенал, беше еден од првите кои најави можно спојување на најбогатите европски клубови и формирање на т.н. Суперлига.

Францускиот стратег уште во 2009 година изјави дека парите кои се заработуваат од Лигата на шампионите, со тек на времето нема да бидат доволни за великаните, додека пред три години кажа дека Суперлигата кога-тогаш ќе се оформи.

„Можеби за 10 години ќе има европска Суперлига. Парите кои се заработуваат од Лигата на шампионите, во еден момент нема да ги задоволат апетитите на најбогатите клубови“, посочи Венгер во 2009 година, па девет години подоцна се надоврза на својата претпоставка:

„Неизбежно е формирањето на Суперлигата, на големите клубови им е голем проблем да го делат колачот со помалите клубови“, алудирајќи на тоа дека гигантите не сакаат да го делат наградниот фонд од ЛШ со екипите кои финансиски немаат ист статус во фудбалска Европа.

Сега се поставува прашањето, дали овие коментари на Венгер треба да се протолкуваат како предупредување, за што е веќе доцна, или пак некаква закана која не беше сериозно сфатена од одговорните тела за фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести