Венгер: Кога го слушам Мурињо, се чувствувам како да сум во градинка

Арсен Венгер неодамна ја објави својата автобиографија, во која воопшто не е спомнато името на Жозе Мурињо. Англиските медиуми веднаш го забележаа тоа, па го прашаа Португалецот зошто не е дел од книгата на Венгер.

Како и секогаш, Мурињо имаше оригинален одоговор. Тренерот на Тотенхем објасни дека во кариерата никогаш не загубил од Венгер и дека нормално е зошто го нема во автобиогравската книга на Венгер. Мурињо вели дека едноставно не може да има поглавје во кое ќе се објаснува дека никогаш Венгер не го победил Мурињо.

По оваа изјава на Мурињо, Венгер кратко само објасни дека Мурињо е голем провокатор. „Жозе секогаш провоцира и се чувствувам како да сум во градинка. Сепак, тоа е негова особина“, возврати Венгер.

 

- Оглас -

Најнови вести