Венгер: Португалските тренери не се ништо посебно, ама имаат силни менаџери

Арсен Венгер даде контроверзна изјава дека смета дека португалските тренери добиваат работа исклучиво поради врските кои ги имаат со познатите менаџери, а не толку поради квалитетот. Венгер не го потценува нивниот квалитет, но тврди дека врските се пресудни.

„Португалските тренери имаат големо влијание. Не сакам да им го потценам квалитетот, но имаат силни врски низ светот. Агентот Жорж Мендеш е многу влијателен во европските клубови. Француските тренери не им се продаваат толку лесно на големи агенти. Работите се сменија, врските се најважни. Јас кога дојдов во Арсенал во 1996 година, таму не ме однесе никаков агент“, рече Венгер.

Единствен сонародник на Венгер кој работи во странство во топ-лигите е Зинедин Зидан. Венгер направи споредба на Андре Вилаш-Боаш и Лоран Блан.

„Андре е добар тренер, но исто толку е добар и Блан. Неверојатно е што Блан нема клуб“, додаде Венгер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести