Венгер сака фудбалска револуција: Аут да се изведува со нога е едно од правилата што сака да ги смени

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер по завршување на кариерата во Арсенал, реши да се посвети на фудбалот од друг аспект. Наместо на клупата, Венгер прво беше аналитичар на мечевите од Премиер лигата, а од неодамна е шеф за развој на фудбалот во ФИФА.

Венгер сериозно си ја сфати новата функција и сега има неколку контроверзни идеи за промена на фудбалските правила. Едно од најчудните правила кои Французинот сака да ги протурка е да се изведува аут со нога, и тоа само во последните пет минути од мечот.

„Би направил промена на правилото за изведување аут. Пет минути пред крајот на мечот, уфрлување од аут треба да биде предност за тимот кој има аут. Сега не е така затоа што во поле имаш 10 противнички играчи и девет од твојот тим. Статистиката покажува дека осум од 10 уфрлувања од аут во вакви ситуации тимот кој напаѓа, ја губи топката. Затоа кога има аут во сопствената половина, тој треба да се изведува со нога, исто како да е слободен удар“, вели Венгер, кој додаде дека има идеја да се смени и правилото за офсајд-позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести