Венгер сепак е оптимистичен: Арсенал ќе стигне до врвот на табелата

Арсен Венгер, легендарниот француски менаџер и најтрофеен во историјата на Арсенал, смета дека тимот предводен од Микел Артета може да го надмине кризниот период и до крајот на сезоната да се најде при врвот на табелата.

Фудбалскиот работник кој има 71 година и моментално работи во ФИФА, беше поврзуван со сензационален камбек на „Емирати“, но ги демантираше шпекулациите.

„Моите најдобри години како менаџер ги поминав во Арсенал, го дадов својот максимум за клубот, а моментално сум само еден од бројните фанови. Моментално екипата изгледа добро, има квалитетни играчи. Одиграа два тешки натпревари против Челзи и Манчестер сити, но верувам дека до крајот на сезоната ќе стигнат до првите места на табелата“, истакна Венгер.

Арсенал по три кола е на последното 20-то место на табелата во Премиер лигата со гол-разлика од 0-9, за први бодови ќе може да се бори против Норвич на 11 септември, екипа која има идентично негативен учинок како и Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести