Венгер: Времето е против ПСЖ, мора што побрзо да потпишат нов договор со Мбапе

Килијан Мбапе е на излезни врати од ПСЖ и пред трансфер во Реал Мадрид.

Суперталентираниот Французин налето станува слободен агент бидејќи неговиот договор со тимот од Париз истекува, а засега барем нема најави за продолжување.

Иако Мбапе уште не го кажал конечниот збор за тоа дали ќе оди или останува, легендарниот тренер, Арсен Венгер вели дека раководството мора да побрза.

„ПСЖ го губи времето но и трпението на Мбапе доколку продолжи вака, а тоа го кажувам од лично искуство.

Тие мора многу посериозно да седнат и да разговараат со агентите на играчот и да ги исполнат неговите барања, во спротивно тој ќе си замине без никакво обесштетување“, изјави Венгер.

 

- Оглас -

Најнови вести